Програмата за работа е изготвена врз основа на Законот за финансиски друштва. Финансиското друштво ќе ги обавува следните финансиски активности:
- одобрување на кредити;
- издавање и администрирање на кредитни картички;
- факторинг;
- издавање на гаранции;
Финансиското друштво ќе обавува и активности кои не влегуваат во групата на финански активности:
- советување поврзано со понапред наведените финансиски активности;
- изнајмување на подвижен и недвижен имот на трети лица, вклучувајќи и оперативен лизинг.
Иако е планирано финансиското друштво да се занимава со сите дејности што се предвидени во Законот, нивното воведување во функција ќе се одвива постапно:
- одобрувањето на кредити, издавањето на гаранции и советувањето во врска со финансиски активности ќе се стават во функција веднаш;
- проектот за работење факторинг ќе почне да се подготвува веднаш и штом ќе биде завршен ќе се стави во функција;
- проектот за издавање и администрирање на кредитни картички ќе почне да се подготвува во текот на 2014 година, а се очекува да се заврши до крајот на 2015 година. Ставањето во функција ќе зависи од проценката што ќе произлезе во проектот за неговата исплатливиост од аспект на вложувањата потребни за негова реализација и времето за кое истите ќе бидат повратени, како и можностите за просторно ширење на територијата на Република Македонија;
- проектите за услугите за изнајмување на подвижен и недвижен имот, како и оперативниот лизинг ќе почнат да се подготвуваат после ставањето во функција на претходните.
Одобрување на кредити и издавање на гаранции
Кредитните активности на финансиското друштво еднакво ќе се усмеруваат и кон стопанството и кон населението. На стопанските субјекти главно ќе им се одобруваат кредити за обртни средства, а не се исклучува можноста за финансирање на инвестициони проекти од помал обем. На населението ќе се одобруваат потрошувачки кредити, во смисла на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, станбени кредити и други видови кредити, во зависност од видот на обезбедувањето.
Заради успешно извршување на финансиската активност кредитирање неопходно е осмислување на оптимален концепт на кредитна политика, што подразбира:
- широка лепеза на производи што се нуди,
- афирмација на понудата заради нејзино допирање заинтересираните клиенти, со оглед на сериозната конкуренција што го опкружува финансиското друштво,
- користење на фактот дека финансиското друштво работи со сопствени средства што овозможува да се одобруваат кредити и на подолги рокови,
- вклучување во кредитните активности на пласмани во државните институции и фондови покриени со државни гаранции. Овие пласмани се со мал коефициент на ризик и висок степен на сигурност со можност за брзо трансферирање во ликвидни средства. Нискиот каматен принос е лимитирачкиот фактор кој тој вид на пласмани ги прави неатрактивни, Овој вид на пласмани ќе се користи во случај на вишок на слободни средства,
- максимално ангажирање за исполнување на планираната динамика на движење пласираните кредити,
- ќе се води политика и ќе се почитува принципот на дисперзија на ризикот,
- максимално искористување на можноста што ја дава Законот за креирање на кредити до десеткратниот износ од основната главнина.
Креирањето на кредити во износ поголем од основната главнина може да се постигне со позајмување на пари од разни извори. За остварување на таа цел финансиското друштво ќе гради политика и ќе формулира концепт на позајмување на средства заради креирање на кредити. Довербата на финансиското друштво во јавноста е клучниот фактор за кој треба да се води сметка. Сигурноста на позајмените средства, гаранциите што ќе се нудат, каматните стапки, професионалниот однос на вработените во финансиското друштво, укажаното внимание и разбирање како и транспарентноста при објавата на условите за позајмување, претставуваат основни компоненти на стекнувањето доверба кај потенцијалните кредитори на финансиското друштво. Финансиското друштво ќе води политика и ќе спроведува стратегија за управување со ризиците, што подразбира:
- поставување на основни цели и генерални насоки при преземањето и управувањето со ризиците,
- воспоставување на генерален пристап при управувањето со ризиците,
- одредување на прифатливо нивно на ризик на кое може да биде изложено финансиското друштво.
Заради реализација на стратегијата за преземање и управување со ризиците со внимание ќе се следат новините во прописите и континуирано ќе се иновираат актите за управување со ризиците. Менаџментот посебно ќе се залага за унапредување на квалитетот на управувањето со ризиците, пред се со подобрување на наплатата на побарувањата и со постојан мониторинг на комитетнтите кај кои се пласирани средствата.
Финансиското друштво ќе води политика и ќе спроведува стратегија за постигнување на максимална профитабилност, но со водење конкурентска политика на утврдување на каматните стапки за кредитирање.
При идното креирање на политиката на каматни стапки финансиското друштво, освен основните елементи:
- трошоците на работење;
- ликвидноста на финансиското друштво,
- односот понуда – побарувачка
- каматните стапки кај конкуренцијата и
- каматната маржа помеѓу активните и пасивните стапки,
ќе има во вид и други:
- каматните стапки на финансискиот пазар,
- каматните стапки на благајничкитезаписи,
- мерките на кредитно монетарната политика,висината на стапката на задолжителна резерва,
- ликвидност во стопаскиот систем,
- ризичноста на пласманот,
- интервалутарниот курс на денарот и сл.
Издавање и администрирање на кредитни картички
Издавањето и админисрирањето со кредитни картички е проект што ќе почне да се подготвува во 2014 година. Според проценките проектот ќе биде поодготвен за реализација до крајот на 2015 година. Подготвениот проект ќе одговори на најклучното прашање: дали финансиското друштво ќе може да работи со кредитни картички со профитабилност приближна на она со кредитното работење. Ако на тоа прашање се добие потврден одговор следното прашање на кое што проектот ќе одговори е финансискиот износ на инвестицијата за подготовка, афирмација и реализација на работењето со кредитни картички и за кој период ќе се исплати. Во зависност од одговорот на тие прашања ќе се бара оптималниот момент за ставање на проектот кредитни картички во функција.
Услугите за изнајмување на подвижен и недвижен имот и оперативниот лизинг
Овие дејности во ова Програма ги оставаме со статус на визија која ќе се реализира после 4-5 години од функционирањето на финансиското друштво.
Други активности
Заради успешно функционирање на финансиското друштво ќе се подготват, воспостават и реализираат:
- оптимален концепт на маркетиншко претставување на финансиското друштво;
- оптимална кадровска политика и континуирана едукација на кадрите.
Битни сегменти во кадровската политика на финансиското друштво се:
- екипираност со стручни кадри од соодветен профил,
- стручно доусовршување на веќе постоечкиот кадар преку посета на семинари и други видови едукации од областа на банкарското работење.
- политика и стратегија на висококвалитетно и навремено извршување на целокупниот процес на работа ќе се обезбеди со најсовремена информатичка технологија.
Во прилог на Програмата изготвени се проекции на биланс на состојба и биланс на успех за периодот 2013 – 2015 година. Поради специфичноста на дејноста, иако интерните акти врз основа на кои ќе работи финансиското друштво се изготвени, интензивно и ангажирано ќе се работи на нивно иновирање и усогласување со прописите, МСС/МСФИ и друга регулатива, а ќе се изготвуваат и други чија потреба ќе ја наметнува секојдневната пракса.
Факторинг
Факторингот е во фаза на истражување на претпоставените можности дека може да биде профитабилна финансиска активност. Кога финансиското друштво ќе почне со работа ќе се почне со изготвување на проект кој ќе овозможи ставање во функција на ова дејност во работењето на финансиското друштво.
Издавање на гаранции
Бидејќи гаранциите во својата суштина се потенцијални кредити за нив ќе важат истите правила што важат и за кредитите.
Советување поврзано со финансиските активности
Советувањето поврзано со финансиските активности или услуги за финансиски консалтинг го ставаме во Програмата од повеќе причини:
- се пројавува интерес од одредени стопанственици за бавење со тој вид бизнис, што упатува на тоа дека ќе бараат совети за навлегување во оваа, сепак специфична работа,
- финаниското друштво има стручен кадар кој може да извршува консалтинг услуги од тоа вид,
- бенефитите од бавење со таа дејност се двојни: остварување на приходи, кои можеби нема да се големи, но не и беззначајни и афирмирање на финансиското друштво во околината во која работи.
Последни извештаи
Последни новости