Штедилницата е формирана во 1996 година, а започна со работа на 01.11.1996 година.

Работите околу основувањето на штедилницата се одвиваа од крајот на 1995 година и во текот на 1996 година, така што по добивање на сите потребни дозволи, истата официјално започна со работа на 01.11.1996 година. Деловниот простор и седиштето на штедилницата е во Струмица на бул. „Маршал Тито“ бб. Работата започна со прибирање на штедни влогови од населението и одобрување на потрошувачки кредити на населението. По добивањето на дозволата од Народна банка на Р.М. за вршење на менувачко работење, во почетокот на 1997 година Штедилницата започна да се бави и со менувачко работење, како една од нејзините дејности.

Во почетокот на 1998 година, по добиента дозвола од Народна банка на Р.М. штедилницата започна да кредитира и правни лица, така да во сегашно време во рамките на дејноста и согласно законските и други прописи штедилницата Пеон ги врши следните услуги:

  • прибирање на штедни влогови од населението;
  • одобрување на кредити на населението;
  • одобрување на кредити на правни лица;

Врз основа на Одлуката на Собирот на содружници и после добиената согласност од Гувернерот на Народна банка на РМ од 12.11.2012 година функцијата управител на штедилницата ја извршува Катерина Бојовиќ Заева.

Во 2013 година “Пеон” го промени својот статус и од штедилница се преобрази во финансиско друштво.

Во 2010 година беше донесен Закон за финансиски друштва.

Во 2013 година беше донесен закон за изменување и дополнување на Законот за банките. Во овој Закон е предвидено штедилниците да можат да се преобразат во финансиски друштва без да се спроведе постапка за ликвидација на штедилницата.

Врз основа на овие законски решенија штедилница “Пеон” поднесе барање за издвање на согласност од Гувернерот на Народна банка на РМ за преобразба на штедилницата во финансиско друштво.

Со решение број 19413 од 29 мај 2013 година Гувернерот на Народна банка на РМ издаде согласност за преобразба на штедилница “Пеон” во финансиско друштво “Пеон”.

Врз основа на тоа беше поднесено барање до Министерот за финансии за донесување на Решение за издавање на дозвола за основање и работење на финансиско друштво “Пеон”. На 12 јули 2013 година Министерот за финансии го донесе бараното решение заведено под број 11-20126/5.

Следуваше реализација на постапката за регистрација на финансиското друштво во Централниот регистар на РМ која успешно беше завршена и од 29.07.2013 година функционира финансиско друштво “Пеон” д.о.о. Струмица кое ги врши следните активнности:

  • Одобрување на кредити
  • Издавање на гаранции.
Катерина Бојовиќ Заева

Душан Заев – Прв претседател на Управниот одбор

Собирот на содружници го сочинуваат Убавка Заева и Катерина Бојовиќ Заева, а претседател е Убавка Заева.

Убавка Заева – претседател
Катерина Бојовиќ Заева – член
Вице Заев – член

дипл. инг. Ѓорѓи Николов

Камелија Стојчева – 076/321-927
Катерина Бојовиќ Заева

Душан Заев – Прв претседател на Управниот одбор

Собирот на содружници го сочинуваат Убавка Заева и Катерина Бојовиќ Заева, а претседател е Убавка Заева.

Убавка Заева – претседател
Катерина Бојовиќ Заева – член
Вице Заев – член

дипл. инг. Ѓорѓи Николов

Камелија Стојчева – 076/321-927

Последни извештаи

  • 15.06.2013

    Финансиски извештаи за годината што завршува на 31 декември 2012 и Извештај на независните ревизори
  • 04.03.2013

    Кодекс за добро работење на банките и штедилниците во Репиблика Македонија
  • 30.06.2012

    Извештај за стапката на адекватност на капиталот, извештај за актива пондерирана според кредитниот ризик и извештај за сопствените средства

Последни новости