Право на користење имаат сите физички лица државјани на Република Македонија. Потрошувачките кредити се одобруваат под следните услови:

Обезбедување Рок на враќање Месечна каматна стапка Годишна каматна стапка Месечна стапка на провизија Годишна стапка на провизија
Административна забрана со 2 жиранти од 1 до 60 месеци 1,00% 13,00% 1,50% 22,00%
Залог на злато, накит и други благородни метали од 1 до 60 месеци 1,00% 13,00% 2,00% 28,00%
Барирани чекови, роба на залиха и друго од 1 до 60 месеци 1,00% 13,00% 1,50% 22,00%
Залог на недвижни и подвижни ствари од 1 до 60 месеци 1,00% 13,00% 1,50% 22,00%

Одобрување на кредитот

Кредитот го одобрува кредитниот одбор по поднесувањето на сите потребни документи. Следната постапка е склучување на договор за потрошувачки кредит, со што се исполнуваат условите за исплата на кредитот.

Исплата на кредитот

Исплатата на кредитот се врши на три начина:

  • пренос на средствата на трансакциона сметка на корисникот на кредитот;
  • исплата во готово од благајната на штедилницата;
  • пренос на жиро сметка на правно лице, по налог на корисникот на кредитот.

Отплата на кредитот

Отплата на кредитот се врши на два начина:

  • со плаќање на месечен ануитет (месечна рата);
  • со плаќање на месечна камата, а отплата на кредитот на денот на достасувањето.

Ако се плаќа само месечна камата, корисникот на кредитот дел од кредитот може да врати и пред рокот на достасувањето.

Последни извештаи

  • 15.06.2013

    Финансиски извештаи за годината што завршува на 31 декември 2012 и Извештај на независните ревизори
  • 04.03.2013

    Кодекс за добро работење на банките и штедилниците во Репиблика Македонија
  • 30.06.2012

    Извештај за стапката на адекватност на капиталот, извештај за актива пондерирана според кредитниот ризик и извештај за сопствените средства

Последни новости