Пензионерски кредит може да добие секое физичко лице – пензионер, државјанин на Република Македонија.

Пензионерските кредити се одобруваат под следните услови:

  • пензијата да се прима преку банка со која штедилницата има склучено договор со кој банката се обврзува да ја задржува месечната рата од пензијата на корисникот на кредитот и да ја уплаќа на жиро сметката на штедилницата;
  • за обезбедување на кредитот да биде поднесена меница и гаранција од двајца жиранти;
  • рок на враќање од 1 до 60 месеци;
  • каматна стапка 1,00% месечно или 13,00% на годишно ниво;
  • стапка на провизија 1,50% месечно или 22,00% на месечно ниво.

Одобрување на кредитот

Кредитот го одобрува кредитниот одбор по поднесувањето на сите потребни документи. Следната постапка е склучување на договор за потрошувачки кредит, со што се исполнуваат условите за исплата на кредитот.

Исплата на кредитот

Исплатата на кредитот се врши на три начина:

  • пренос на средствата на трансакциона сметка на корисникот на кредитот;
  • исплата во готово од благајната на штедилницата;
  • пренос на жиро сметка на правно лице, по налог на корисникот на кредитот.

Отплата на кредитот

Отплатата на кредитот се врши со плаќање на месечен ануитет (месечна рата);

Последни извештаи

  • 15.06.2013

    Финансиски извештаи за годината што завршува на 31 декември 2012 и Извештај на независните ревизори
  • 04.03.2013

    Кодекс за добро работење на банките и штедилниците во Репиблика Македонија
  • 30.06.2012

    Извештај за стапката на адекватност на капиталот, извештај за актива пондерирана според кредитниот ризик и извештај за сопствените средства

Последни новости