Кредит за обртни средства може да добие секое правно лице, регистрирано во Република Македонија.

Кредити за обртни средства се одобруваат под следните услови:

  • средствата од кредитот да се икскористат за намената за која се одобрени;
  • како доказ за наменското користење на средствата од кредитот да се поднесе соодветна програма со пропратни документи;
  • да се поднесат официјални финансиски извештаи за утврдување на финансиската состојба на правното лице;
  • за обезбедување на кредитот да биде поднесена:

    • а) хипотека на недвижен или подвижен имот со нотарски акт;
    • б) меница заверена со нотарски акт;
    • в) барирани чекови
  • рок на враќање до 60 месеци;
  • каматна стапка 1,00% месечно или 13,00% на годишно ниво;
  • стапка на провизија 1,00% месечно или 13.00% на годишно ниво.

Одобрување на кредитот

Кредитот го одобрува кредитниот одбор по поднесувањето на сите потребни документи. Следната постапка е завршување на формалностите кај надлежен нотар и предавање на нотарскиот акт или предавање на барирани чекови во штедилницата со што се исполнуваат условите за исплата на кредитот.

Исплата на кредитот

Исплатата на кредитот се врши со пренос на средствата на жиро сметка на правно лице, корисник на кредитот или на жиро сметката на друго правно лице, по налог на корисникот на кредитот.

Отплата на кредитот

Отплатата на кредитот се врши на два начина:

  • со плаќање на месечен ануитет (месечна рата);
  • со плаќање на месечна камата, а отплата на кредитот на денот на достасувањето.

Ако се плаќа само месечна камата, корисникот на кредитот дел од кредитот може да врати и пред рокот на достасувањето.

Последни извештаи

  • 15.06.2013

    Финансиски извештаи за годината што завршува на 31 декември 2012 и Извештај на независните ревизори
  • 04.03.2013

    Кодекс за добро работење на банките и штедилниците во Репиблика Македонија
  • 30.06.2012

    Извештај за стапката на адекватност на капиталот, извештај за актива пондерирана според кредитниот ризик и извештај за сопствените средства

Последни новости