Право на користење на кредит имаат сите правни и физички лица.
Физички лица
Да се државјани на република македонија и да имаат регулиран работен однос со редовни месечни примања.
Правни лица
Да се регистрирани во Република Македонија и нивните оснивачи се државјани на Република Македонија.
Користење на кредитот
По поднесувањето на сите потребни документи и по одобрувањето на кредитот, корисникот на кредит е должен да склучи Договор за кредит со Штедилницата и истиот го отплаќа согласно утврдените услови.
Исплата на кредитот
- Пренос на сметка на корисникот
- Исплата на благајна во готово
- На друг начин или на друго лице по налог на корисникот на кредит
Отплата на кредитот
- Кредитот се отплаќа со плаќање само на износот по основ на камата или во еднакви месечни ануитети, со или без административна забрана во зависност од обезбедувањето.
- Ануитетот содржи отплата на камата и дел од главниот долг.
- Првиот ануитет или камата доставуваат за наплата по истекот на месец дена од датумот на истекот на кредитот.
- Доставувањето е секој месец согласно рокот од Договорот.
- За секое задоцнување на плаќањето т.е. отплатата на кредитот, Штедилницата пресметува и наплатува затезена камата согласно одредбите од договорот за кредит.
Последни извештаи
Последни новости