Земајќи ги во предвид ефектите кои пандемијата со COVID-19 ги има врз своите клиенти, ФД Пеон доо Струмица изготви понуда која би им помогнала на истите да ги надминат финансиските потешкотии од кризата.

ФД Пеон доо Струмица ја изготви понудата за одложено плаќање на обврските по кредити врз основа на Уредбата со законска сила за примена на Законот за финансиските друштва за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр.90 од 04.04.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на РСМ бр. 80 од 27.03.2020 година), а со цел ублажување на последиците од пандемијата со COVID-19.

Понудата е наменета за клиентите на ФД Пеон – физички лица кои заклучно со 31.03.2020 година имале статус- А, Б и В категорија на ризик и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност.
Карактеристики на понудата за физички кредити:

  • Одложување на плаќањето на месечните ануитети по кредитот за период од 3 (три) месеци (од 1-ви април до 30-ти јуни 2020 година),
  • Продолжување на рокот за отплата на кредитот за дополнителни 3 месеци (сметано од денот на истекот на рокот на Кредитот),
  • Во периодот на одложување, ФД Пеон ќе пресметува и наплатува камата во согласност со насоките од уредбата на Владата на РСМ, за месеците април, мај и јуни. По истекот на периодот на одложување од 3 (три) месеци, односно од 1-ви јули 2020 година обврските по основ на помалку платените ануитети во периодот од 1-ви април до 30-ти јуни 2020 година ќе се распределат и наплатат во продолжениот период од три месеци (90 дена) од истекот на рокот на Договорот за кредит.

Појаснување:

За време на периодот на одложување, имате право самостојно да вршите уплати на кредитната партија при што:

  • За кредитна партија којашто нема доспеано обврски (заклучно со 31.03.2020година): Сите уплати на кредитната партија кои ќе ги извршите во периодот на одложување ќе ги евидентираме како примени аванси во тек на грејс периодот. Во јули 2020 година, сите примени аванси на кредитната партија, кумулативно ќе се евидентираат како уплата за намалување на недоспеана главница и без доставување на писмено барање од страна на корисникот на кредитот, ќе се направи наамалување на кредитното салдо.
  • За кредитна партија којашто има доспаеано обврски (заклучно со 31.03.2020година): Сите упалати на кредитната партија извршени во периодот на одложување ќе се евидентираат за затворање на доспеаните обврски по редослед и во рок предвиден во Договорот за кредит. За уплатите што ќе следуваат по затварањето на доспеаните обврски, ќе се постапува како за уплата за кредитна партија којашто нема доспеано обврски. Со објавувањето на оваа објава на WEB-страницата на ФД ПЕОН доо Струмица, се смета дека понудата е доставена до сите физички лица-корисници на кредити, солидарните должници и заложните должници на денот на објавувањето.

Сите физички лица-корисници на кредити, солидарни должници и заложни должници кои ги исполнуваат условите на оваа понуда, а кои сакаат да продолжат со редовна отплата на истите без промена на договорните услови, имаат право, во рок од 10 (десет) дена од објавата на оваа понуда, да ја одбијат понудата со известување до ФД Пеон доо Струмица по електронски или писмен пат, а во спротивно ќе се смета дека понудата е прифатена. Физичките лица кои нема да ја одбијат понудата на ФД Пеон до 18.04.2020 година, се смета дека ја прифатиле понудата, со што сите услови од оваа понуда стануваат договорни одредби и се составен дел на склучените договори со физичките лица-корисници на кредити, солидарни должници и заложни должници.

По истекот на горенаведениот рок на понудата (18.04.2020 година), правното дејство на изменетите услови од договорите за кредит ќе важи за целокупната договорна придружна документација (амортизациони планови и др. документација), сите нотарски испарави и безбедуваања (договори за залог владетлски и невладетелски, меници и останати договори за било какво друго обезбедување) и тоа без склучување на нови договори / анекси кон постојните договори, нотарските испарави и останатите инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги.

Прифаќањето на понудата претпоставува кумулативно прифаќање на сите наведени услови по секој поединечен кредит.

Договорните одредби од постоечките договори, кои не се предмет на промена со оваа понуда, остануваат во важност.

Важна напомена

Физичките лица кои ја прифаќаат понудата не испраќаат никакво известување до ФД ПЕОН и договорните услови се сметаат за променети во согласност со оваа понуда на 18.04.2020 година.

Известување испраќаат исклучиво клиентите кои ја одбиваат понудата, и тоа: по електронски пат (со ИЗВЕСТУВАЊЕ испратено на нашата електронска пошта: peon@t-home.mk) или писмено известување по пошта (ДО ФД Пеон доо Струмица, бул. Маршал Тито-бб Струмица).

Во известувањето треба да наведете:

Име и презиме, ембг (последни шест цифри),датум и своерачен потпис, број на кредитна партија (кредитни партии) за кои се одбива понудата со назнака дека ја одбивате понудата на ФД ПЕОН доо Струмица за промена на договорните услови од 08.04.2020 година.

Известувањата можат да се достават најдоцна до 18.042020 година.

Датум на понудата 08.04.2020 година

Последни извештаи

  • 15.06.2013

    Финансиски извештаи за годината што завршува на 31 декември 2012 и Извештај на независните ревизори
  • 04.03.2013

    Кодекс за добро работење на банките и штедилниците во Репиблика Македонија
  • 30.06.2012

    Извештај за стапката на адекватност на капиталот, извештај за актива пондерирана според кредитниот ризик и извештај за сопствените средства

Последни новости