Станбен кредит

Станбен кредит може да добие секое физичко лице, државјанин на Република Македонија.

Станбените кредити се одобруваат под следните услови:
- средствата од кредитот да се искористат за купување на стан или изградба, доградба или реновирање на индивидуална станбена зграда;
- за обезбедување на кредитот да биде поднесена хипотека на недвижен или подвижен имот со нотарски акт;
- рок на враќање до 120 месеци;
- каматна стапка 1,00% месечно или 13,00% на годишно ниво;
- стапка на провизија 0,50% месечно или 8,50% на годишно ниво.

Одобрување на кредитот

Кредитот го одобрува кредитниот одбор по поднесувањето на сите потребни документи. Следната постапка е завршување на формалностите кај надлежен нотар и предавање на нотарскиот акт во штедилницата со што се исполнуваат условите за исплата на кредитот.

Исплата на кредитот

Исплатата на кредитот се врши на три начина:
- пренос на средствата на трансакциона сметка на корисникот на кредитот;
- еден дел од одобрениот кредит може да се исплати во готово од благајната на штедилницата;
- пренос на жиро сметка на правно лице, по налог на корисникот на кредитот.

Отплата на кредитот

Отплатата на кредитот се врши на два начина:
- со плаќање на месечен ануитет (месечна рата);
- со плаќање на месечна камата, а отплата на кредитот на денот на достасувањето.

Ако се плаќа само месечна камата, корисникот на кредитот дел од кредитот може да врати и пред рокот на достасувањето.

temp

Пензионерски кредит

Атрактивен кредит за сите пензионери ...

temp

Станбен кредит

Сте се одлучиле за купување на нов / стар стан или куќа ...

temp

Кредит за обртни средства

Како до кредит за обртни средства ...