Кредит за основни средства

Кредит за основни средства може да добие секое правно лице, регистрирано во Република Македонија.

Кредити за основни средства се одобруваат под следните услови:
- средствата од кредитот да се искористат за купување или изградба на деловен објект или производна опрема;
- како доказ за наменското користење на средствата од кредитот да се поднесе соодветна програма со пропратни документи;
- да се поднесат официјални финансиски извештаи за утврдување на финансиската состојба на правното лице;
- за обезбедување на кредитот да биде поднесена:
   а) хипотека на недвижен или подвижен имот со нотарски акт;
   б) меница заверена со нотарски акт;
   в) барирани чекови
- рок на враќање до 60 месеци;
- каматна стапка 1,00% месечно или 15,00% на годишно ниво;

Одобрување на кредитот

Кредитот го одобрува кредитниот одбор по поднесувањето на сите потребни документи. Следната постапка е завршување на формалностите кај надлежен нотар и предавање на нотарскиот акт или предавање на барирани чекови во штедилницата, со што се исполнуваат условите за исплата на кредитот.

Исплата на кредитот

Исплатата на кредитот се врши со пренос на средствата на жиро сметка на правно лице:
- испорачател на деловниот објект, врз основа на фактура или друг документ;
- изведувач на работите на изградба на деловен објект врз основа на времена или конечна ситуација;
- испорачател на производна опрема, врз основа на фактура или друг документ за исплата.

Отплата на кредитот

Отплатата на кредитот се врши на два начина:
- со плаќање на месечен ануитет (месечна рата);
- со плаќање на месечна камата, а отплата на кредитот на денот на достасувањето.

Ако се плаќа само месечна камата, корисникот на кредитот дел од кредитот може да врати и пред рокот на достасувањето.

temp

Пензионерски кредит

Атрактивен кредит за сите пензионери ...

temp

Станбен кредит

Сте се одлучиле за купување на нов / стар стан или куќа ...

temp

Кредит за обртни средства

Како до кредит за обртни средства ...